Виолинистката Ванеса Меј со измама обезбедила настап на Игрите во Сочи

Од:

Поп виолинистката Ванеса Меј заработи четиригодишна суспензија од страна на Светската скијачка федерација (ФИС) поради лажирање на резултати со цел обезбедување пласман на Зимските олимписки игри во Сочи.

Покрај Меј, ФИС казни и петмина службеници од Словенија вмешани во скандалот поврзан со местење резултати со цел Меј да ги освои бодовите потребни за учество на Игрите во Русија.

Претседателот на ФИС Џанфранко Каспер во прв момент не верувал во тоа што го слушнал, но потоа сфатил дека се работи за голем скандал.

– Во прв момент се насмеавме кога слушнавме за овој скандал. Меѓутоа, тогаш сфативме дека ситуацијата е многу сериозна, рече Каспер.

Меј до посакуваниот резултат кој и го трасираше патот за Сочи дојде преку четири наместени велеслаломски трки во Словенија по кои нејзиниот рејтинг се зголеми. На овие трки биле измислени резултати за натпреварувачи кои воопшто не се ни појавиле на стартот, а на некои од оние кои скијале им биле преправани резултатите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он