Еден од најдобрите кошаркари на Макаби Тел Авив, Сони Вимс се наоѓа пред суспензија од ФИБА затоа што одбил да биде подложен на допинг тестови, известуваат израелските медиуми.
Покрај тоа, 30-годишниот Американец денеска дури и не се појави на тренингот на неговата екипа и поради двете причини се соочува со отказ од Макаби.
За разлика од Вимс, на повик од ФИБА на допинг тест се појавија неговите соиграчи Виктор Рад и Гал Макел.
Вимс во лошата сезона на израелскиот шампион во Евролигата просечно бележи по 11,6 поени и 3,3 скока на натпревар.
Тој пристигна оваа година како големо засилување во Тел Авив. Претходно играше во НБА за Денвер, Торонто, Феникс и Филаделфија, а во Европа за Жалгирис и ЦСКА Москва.