Вимблдон: По 77 години Британец го подигна пехарот во Лондон

Од:

Шкотскиот тенисер, Енди Мареј стана првиот Британец кој после 77 години го подигна пехарот во Лондон.

Tan2013-7-7_15164754_0

Тој по нешто повеќе од три часа игра, без изгубен сет, го победи првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ. Крајниот резултат е 6:4, 7:5, 6:4.

Tan2013-7-7_155339758_2

Во првиот сет Британецот направи еден брејк повеќе од Ѓоковиќ, а решавчкиот момент во сетот беше седмиот гем.

Во вториот сет имаше многу повеќе борба и пресврт. Ѓоковиќ почна добро поведе со 4-1, но потоа Мареј го врати гемот загубен на свој сервис, а потоа и во 11. гем направи нов брејк за водство од 6-5 и сетот го заврши со 7-5.

Tan2013-7-7_1611226_2

Најнеизвесно беше во третиот сет. Мареј поведе со 2-0, Србинот со серија од четири гема врати со водство од 4-2, а потоа Мареј при 5-4 на сервис не искористи три меч и турнир топки, за сепак четврата да ја реализира.

marejpeharwin

Ова беше 19-ти дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј. Резултатот е 11-8 за Србинот. За Мареј ова е втора Грен Слем титула во кариерата.

wimbldonendimajrey

Последниот Британец на кого му појде од рака да го освои Вимблдон е Фред Пери во 1936-та година.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ