Главниот литвански град Вилнус ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир кој ќе го даде последниот учесник во кошаркарската Евролига.
Натпреварите ќе се играат во „Сименс Арена“, организаторот на турнирот, кошаркарскиот клуб Литвос Ритас е фаворит за победа, а дали ќе ја искористи предноста на домашен терен ќе се знае во периодот од 1 до 4 октомври за кога е закажан овој настан.
На првиот ден од турнирот ќе играат Варезе – Олденбург и Литвос Ритас – Рига.
За 2 октомври закажани се средбите Химки – Остенде и Нимбурк – Банвит. На 3 октомври ќе се играат двете полуфиналиња, а ден подоцна е завршната пресметка.
Победникот од овој турнир ќе игра во Д групата во која се наоѓаат Панатинаикос, Макаби, Лаборал, Локомотив Кубан и Црвена Звезда.