Американката Серена Вилијамс ја победи руската тенисерка Марија Шарапова во денешното финалето на ВТА турнирот во Мајами.
За Вилијамс ова беше шести триумф во градот на американската држава Флорида, додека Шарапова не успеа да го освои „Мајами“ ниту во своето петто финале.
Резултатот на двочасовниот меч беше 2:1 во сетови за Серена (4:6; 6:3 и 6:0).
Американката со оваа победа дојде до 48.та титула во кариерата, а против Шарапова го зголеми меѓусебниот биланс во победи на 12:3.
Утре во машкото финале ќе играат Енди Мареј (Велика Британија) и Давид Ферер (Шпанија).