Американската тенисерка Серена Вилијамс го освои Роџерс купот во Торонто откако по еден час и пет минути ја победи Романката Сорана Кирстеа со резултат 6-2 6-0.
Ова е 3-та титула во Торонто за Вилијамс.
Таа досега има освоено 54 титули и е на петтото место на вечната листа зад Мартина Навратилова, Крис Еверт, Штефи Граф и Линдзи Девенпорт.
Таа ќе се обиде да ја освои 17-тата Гренд слем титула на УС Опен подоцна овој месец.