Викендов ќе се одржи меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин опен 2023“

Од:

Викендов Берово ќе биде епицентарот на спортските случувања. Од први до трети сетпември во ова мало малешевско гратче продолжува традицијата позната како Меѓународен турнир во пинг понг-Зегин Опен.

Берово во поновата спортска историја на Македонија јасно се етаблира како центар на пинг понгот во Македонија.

Сепак најсјајниот дијамант во круната на случувањата во пинг понгот во Берово е одржувањето на меѓународниот пинг понгарски турнир Зегин Опен.

Минатата година Зегин Опен се одржа за прв пат, но турнирот уште на своето прво одржување стана своевидна атракција на балканскит простори. Изјавата на минатогодишниот победник во Апсолутна категорија дека тоа е најдобро организираниот турнир на којшто учествувал, беше само поттик за организаторите Зегин Опен 2023 да биде подобро организиран.

За разлика од минатата година кога на турнирот натпреварите беа организирани во два дена и натпреварувачите се натпреваруваа во четири категори, оваа година ќе има натпревари во десет категории.

Натпреварите од турнирот ќе бидат пренесувани во живо на You Tube на официјалниот канал на турнирот. Зегин Опен оваа година го привлече вниманието на повеќе од 130 натпреварувачи од единаесет држави. За Зегин Опен се слушна и подалеку од границите на Европа. Со своето учество на натпреварувач од Аргентина турнирот само ја потврдува својата атрактивност која ги надминува локалните и регионалните рамки на пингпонгарските натпреварувања на сличните натпреварувања.

Наградниот фонд е двојно зголемен за разлика од минатата година, благодарение на единствениот спонзор на турнирот, компанијата Зегин.

Зегин опен и понатаму останува приказна која се случува еднаш во годината а се прераскажува до следниот Зегин Опен кој секогаш ќе биде подобар од претходниот…

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Компанијата Зегин обедини домашни и странски експерти – “Заедно за спектар на можности”

Првиот меѓународен конгрес за аутизам и АДХД преку онлајн пренос ќе овозможи пристап до стручни сознанија за пошироката јавност

Фондацијата Др. Верица Механџиска и Зегин ги обединуваат светските и домашните експерти за аутизам и АДХД на конгрес во Скопје

Компанијата ЗЕГИН е дел од најуспешните во македонскиот деловен свет

Компанијата „ЗЕГИН“ го отвори својот тренин Центар за обука на вработените

Успешно заврши Меѓународниот турнир во пинг понг ЗЕГИН Опен 2024