Победникот на овогодинешниот Тур д Франс, Бредли Вигинс го запиша своето име во велосипедската но и спортската историја, откако денеска на Hampton Court беше најбрз на хронометарот.
Така стана најуспешен Британец со седум олимписки медали, приматот го презеде од Стивен Редгрејв кој имаше шест олимписки медали.
Вигинс во Сиднеј 2000 година освои една бронза, во Атина 2004 година злато на 4км, сребро во тиската трка, и бронза во сала. 2008 во Пекинг повторно освои злато на 4км, но уште едно злато во тимската трка.
Тони Мартин од Германија стигна втор со задоцнување од 43 секунди, додека уште еден Британец, вториот на годинешниот Тур, Крис Фрум стигна со време 51:47.