Видеолотарија Касинос Австрија партнер на меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“

Од:

Во тек е 22-рото издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“, традиционален спортски настан кој секоја година ги обединува љубителите на фудбалот, младите спортисти и локалната заедница.

Турнирот традиционално започнува на 1 септември, со натпреварите на игралиштето „Сокол“. Видеолотарија Касинос Австрија и годинава обезбеди поддршка за турнирот. Со ова партнерство, уште еднаш ја потврдуваме својата определба за поддршка на спортот, спортските вредности и создавањето можности младите да бидат дел од позитивни, активни и инспиративни средини.

„Огромна благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за довербата, континуитетот и силната поддршка. Поддршката од компании кои препознаваат колку спортот значи за младите и за заедницата е исклучително важна за турнирот да продолжи да расте и да ја гради својата традиција,“ истакнуваат организаторите.

За Видеолотарија Касинос Австрија, партнерството е дел од стратегијата за општествена одговорност и континуирана поддршка на спортот. Со поддршката на ваквите настани, придонесуваме во создавањето средина во која спортот и младите имаат свое заслужено место.

Би можело да ве интересира

ВЛТ навива: Вардар против Нант, нов европски предизвик за „црвено-црните“

Нов месец, нови добитници и повеќе од 63 милиони денари исплатени на ВЛТ играчите

А1он

Вардар со трофеј ја отвори новата сезона

А1он

30 нови милионери во Јули: Видеолотарија Касинос Австрија исплати над милион евра за ВЛТ Џекпот добивки

Горан Наумовски

РК Вардар 1961 со нов дрес – златниот сјај на историјата и новите победи

Горан Наумовски

Видеолотарија Касинос Австрија со донација за ТППЕ Кочани