(ВИДЕО)ФРАНЦИЈА: Уапсен ракометарот Никола Карабатиќ

Од:

Најдобриот светски ракометар Никола Карабатиќ, уапсен е во Париз заради наводна вмешаност во местење на натпревари.

Покрај него уапсен е и неговиот брат Лука, како и неколку други играчи. После дебаклот на нивниот Монпеље од Пари Сен Жермен, полицијата почнала да прибира докази и ги привела неколкуте „актери“ во Централната дирекција на судската полиција.

Сите приведени треба да преноќат позади решетки, пред истражниот судија да одлучи дали ќе им одреди мерка притвор.

Ракометарите се осомничени дека учествувале во местењето на натпреварот од 24 коло на француската лига против екипата на Сесон Севињи во кој што изгубиле со 31:28, а коефициентот за победа бил 45.

Телевизијата Франс 3 откри дека сопруги и девојки на играчите, во три обложувалници ставиле вкупно 5000 евра на пораз на Монпеље, што им донело заработка од 200.000 евра.

Приведени се вкупно 12 лица од кои 8 ракометари на Монпеље, двајца на ПСЖ и спомнатите девојки и сопруги.

Би можело да ве интересира

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он

Исландски ракометар ги навреди Хрватите: Сигурно штеделе за да дојдат на овој натпревар

А1он

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ