Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос, а победата ја прослави со огромна торта.
Тој го совлада Јапонецот Кеи Нишикори во три сета со резултат 6:4, 6:1, 6:3.
По победата, организаторите на Ролан Гарос, на теренот, му донесоа торта од пет спрата и заедно со публиката му го честитаа 27. роденден.
Противник во четвртфиналето ќе му биде Вавринка, кој направи голем пресврт и го победи Гаске со 3-2 во сетови 6:7, 4:6, 6:4, 7:5, 8:6.