(ВИДЕО) Зиба: Не знам што се случи, судиите не би ги коментирал

Од:

Од малкумината полски ракометари кои говорат некој странски јазик, измешано со тагата и незадоволството по мечот, единствено Зиба застана пред ТВ камерите и го искажа своето разочарување.

Тажни, исфрустрирани и пак на чекор до целта, а сепак далеку од неа. Така делуваа Полјаците, кои во второто полувреме не дојдоа до -1, до реми, а камо ли до водство.

„Во право сте, добро почнавме, игравме одлично, но потоа застанавме. Не знам што се случи, но не бевме прави во продолжението и ете загубивме. Судиите? Немам коментар за судењето“, беше краток еден од ретките полски ракометари кои зборуваше за странските новинари, Михаел Зиба.

Како и на Мундијалот во 2007 година во Германија, пак домаќинот застана на патот на Полска на светската круна.

Само што тоа овој пат беше во полуфиналето. За нив добро е што тие се домаќини на наредното еврпопско првенство и барем тогаш не можат да играат против домашната селекција.

Извор

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ