Полска по продолженија до бронзата

Од:

Репрезентацијата на Полска го освои третото место и бронзениот медал на Светското ракометно првенство што денеска завршува во Катар.

Полјаците пред малку во мечот за третото место беа поуспешни од шпанската репрезентација дури по дополнителни 10 минути. Резултатот по основните 60. минути беше 24:24.

Полска до продолженијата стигна со гол постигнат на две секунди пред крајот на второто полувреме.

За полската репрезентација ова беше трета бронза од Мундијалите.

Големото финале по кое ќе го добиеме новиот светски првак е закажано за 17 часот и 15 минути, а во него ќе играат домаќинот Катар и Франција.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ

Катар и европскиот и олимписки првак Франција во борба за злато

Емир Латифовиќ