Во Нови Сад вечерва дојде до жестока пресметка меѓу навивачите на Војводина и Партизан, а на социјалните мрежи се појавија повеќе снимки од хулиганската тепачка.
Навивачите на Војводина и Партизан се пресметаа во пресрет на фудбалското дерби кое поча во 20 часот на стадионот „Караѓорѓе“. Во центарот на градот се уапсени десетици навивачи, во близина на стадионот се распоредија голем број припадници на жандармеријата.
Судирот се случи во самиот центар на градот, во улицата на Кралот Александар, каде веднаш пристигнаа над 15 полициски возила.