ВИДЕО: Завршено е судењето на Ѓоковиќ, се чека конечната одлука

Од:

Новак Ѓоковиќ ја очекува одлуката за тоа дали ќе остане во Австралија и со тоа да настапи на првиот годинашен грен-слем Австралија опен. Почна судењето на кое тричлениот совет решава за укинувањето на неговата виза. Одлуката за вторто укинување на визата ја донесе министерот за имиграции. За Ѓоковиќ да остане во Австралија судот треба да ја укине одлуката на министерот.

Судењето почна со излагање на судскиот совет и објаснување околу тоа зошто се тројца судии.

Потоа збор добија адвокатите на Ѓоковиќ кои имаат 60 минути за да ги образложат нивните аргументи. Идентично време за излагање ќе имаат и адвокатите на државата. Судиите во текот на излагањата имаат право да поставуваат прашања.

Потоа според најавите судиите ќе се повлечат за да донесат одлука. Како што посочи еден од судиите, нема временско ограничување на траењето на судењето. Адвокатите на Ѓоковиќ побараа да се забрза постапката.

Ѓоковиќ го следи судењето од канцеларијата на неговите адвокати.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн парк пред арената Род Лејвер