Говорот на германскиот тенисер Александар Зверев беше прекинат по финалето на Австралија опен.
Една жена почна да вика од трибините пред Германецот да зборува на крајот од мечот, кој го загуби од италијанскиот ас Јаник Синер.
„Австралија им верува на Оља и Бренда“, рече госпоѓата алудирајќи на обвинувањата за семејно насилство на сметка на тенисерот.
‘Australia believes Olya and Brenda’
YES WE DO. FUCK YOU ZVEREV (and every other abuser) pic.twitter.com/Kotb14SauS
— matilda | ausgp! (@_P1ASTRI81) January 26, 2025
Инаку, Оља Шарипова пред неколку години го обвини Зверев за семејно насилство.
Шарипова не се реши го донесе Зверев на суд, АТП покрена истрага, но не најде доволно докази.
„Верувам дека нема повеќе обвиненија. Немаше ништо девет месеци. Добро за неа. Мислам дека таа беше единствената на стадионот која веруваше во тоа. Ако е така, добро за неа. Направив се што можев. Нема повторно да ја отворам таа тема“, одговори Зверев.
Сепак, во мај минатата година Зверев се смири со својата поранешна девојка со која има и дете.