Општ впечаток е дека Ривера го надмудри Сигурдсон и дека на тренерската клупа, Катар имаше нешто повеќе од Германија во ова четвртфинале.
Иако некои германски ракометари алиби бараа во судењето на Николов и Начевски, сепак леворакиот Вајнхолд напоменува дека играта во одбрана беше клучниот фактор за нивниот пораз:
„Нашата одбрана не беше како на претходните натпревари. Тоа е точно. Тие ни создаваа многу проблеми и од надвор и преку кружниот напаѓач. Имаа повеќе идеи и од нас и затоа победија. Штета, ова беше шанса на нашата млада екипа да оди чекор понатаму, но застанавме во четвртфиналето“, рече еден од најдобрите германски ракометари на целиот турнир, но не и на овој меч Стефен Вајнхолд.
Германците со 18 примени гола во првиот дел го одиграа најлошото полувреме на целиот турнир и потоа немаше поправен испит. Вака им преостанува да се борат за пласман од 5 до 8 место и да обезбедат олимписки квалификации, што е одлично ако се знае дека не ни требаше да учествуваат на овој шампионат, а со тоа ќе ја загубеа и Олимпијадата во Рио.
Извор: Кирил Лазаров 7