(ВИДЕО) Убиен поранешниот светски шампион во бокс: Застрелан пред својот дом во Јужна Африка

Од:

Золани Тете (38), поранешен светски шампион во две тежински категории, бил убиен во петокот вечерта пред својот дом во Мдантсане, Јужна Африка.

Според првичните информации од полицијата, Тете околу 18:30 часот пристигнал пред својот дом и со автомобилот чекал да му се отвори портата. Во тој момент од друго возило излегле двајца маскирани и вооружени мажи и отвориле оган.

Тете се обидел да влезе со автомобилот во дворот, но бил смртно ранет. Во нападот била повредена и 27-годишна жена која се наоѓала во автомобилот со него. Таа била погодена повеќепати и била пренесена во болница.

Напаѓачите побегнале, а полицијата трага по нив. Засега не е познат мотивот за нападот.

Веста за смртта ја потврдил и јужноафриканскиот министер за спорт, уметност и култура, Гејтон Мекензи. Тој изјави дека двајца вооружени мажи со маски го убиле Тете пред неговиот дом и повика сите што имаат информации да се обратат до полицијата.

Тете беше еден од најуспешните јужноафрикански боксери од својата генерација. Во 2014 година ја освои светската титула во категорија до 52,2 килограми, откако во Јапонија го совлада Теииру Киношита.

Во 2017 година ја освои ВБО титулата во бантам категорија со победата над Артуро Виљануева. Шампионскиот појас го држеше до 2019 година, кога со нокаут во третата рунда беше поразен од Џон Риел Касињеро.

Во професионалната кариера Тете оствари 29 победи, од кои 22 со нокаут, четири порази и еден меч без одлука.

Би можело да ве интересира

Србија ја прегази Грција и стигна на чекор до финалето на Европското првенство

Француската полиција спречила обид за киднапирање на Мбапе

Алкараз прв фаворит за титулата на УС Опен, Ѓоковиќ дури трет според прогнозите

Србија одби да игра против Косово и се повлече од Медитеранските игри

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон

Незапирливиот Роналдо се врати со гол: Само 23 гола го делат од историската цифра од 1.000