Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, но медиумите не беа премногу заинтересирани за тоа. По мечот главна тема беше неговата „запалива“ изјава за навивачите на Холгер Руне. Начинот на кој Србинот им се обрати во изјавата на теренот и ги прати да спијат поради непочитувањето што го покажале го обиколи светот. Како што обично се случува, реакциите се измешани, некои го поддржуваат, некои го критикуваат за тие зборови.
Меѓу другото, Новак им порача „Goooood night“, како јасна порака за тоа што правеле при поените и неспортското однесување. После тоа даде еден „милион“ интервјуа, меѓу кои и интервјуто за британски „Би-би-си“ каде имаа прашања само за тоа, па поради тоа српскиот ас многу се налути. Така се чувствувам и сега“, одговори Новак на првото прашање за тој детаљ.
— Mariel (@malasirena111) July 9, 2024
Потоа дојде уште едно прашање за фановите и односот што го има со нив. „Слушајте, како што кажав на теренот, благодарен сум на повеќето луѓе кои беа на стадионот и кои покажаа почит. Не е лесно да се остане кога цел ден гледаш тенис, не го земам здраво за готово. Публиката е една од главните причини зошто јас сè уште играм тенис.
Новинарот не застана ниту тука, па по трет пат го праша за тоа, по што следуваше прашање дали тоа го мотивира да игра уште подобро. Тогаш Србинот „зовре“ „Имате ли други прашања освен публиката? Дали сте фокусирани само на тоа? Дали имате прашања за натпреварот или нешто слично или фокусот е само на тоа? Прашавте веќе, кажав што имам да кажам“.
По кратка пауза го праша за следниот ривал Алекс де Минор против кого ќе игра во четвртфиналето. Со нетрпение го чекам тој натпревар, ќе биде тежок натпревар, рече Новак и стана од столчето, не сакаше да чека нови прашања…