Италијанскиот мотоциклист Андреа Антонели го загуби животот на денешната трка од „Супербајк“ шампионатот.
Трагедија се случи откако Антонели во првиот круг падна а на него налета возачот на Хонда Лоренцо Занети и тешко го повреди.
Веднаш по несреќата 25-годишниот Италијанец беше префрлен во болница, но од таму јавија дека Антонели го загуби животот.