На Ролан Гарос, можете да го видите Јанко Типсаревиќ со тениски рекет, но и со камера.
Во фокусот на „камерманот“ Типсаревиќ беа Виктор Троицки и Новак Ѓоковиќ.
Јанко сакаше на навивачите да им покаже што се случува зад кулисите во Париз, па неочекувано им влезе на тенисерите во просторијата, каде што се опуштаа по завршувањето на мечевите.