Мечот меѓу Феникс и Далас кој заврши со победа на гостите од 98-89, го одбележа тепачка меѓу Јусуф Нуркиќ и Наји Маршал.
Инцидентот почна кога судиите досудија офанзивен фаул на Јусуф Нуркиќ. Тогаш босанскиот кошаркар му пријде на Наји Маршал и му удри шлаканица. Кошаркарот на Далас возврати уште пожестокот по што Нуркиќ падна на земјата.
JUSUF NURKIC VS. NAJI MARSHALL
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 28, 2024
Судиите ги исклучија и двајцата, а исклучување доби и Пи-Џеј Вашингтон.