ВИДЕО: Синот на легендарниот тренер заврши во болница по насилниот старт

Од:

Џулијано Симеоне (20), еден од тројцата синови на славниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се здоби со тешка повреда на вчерашниот пријателски натпревар.

Симеоне на крајот од играта влезе во дуел со противничкиот играч за врска Хозе Матос, кој крвнички стартуваше врз несреќниот напаѓач.
Синот на Диего падна и веднаш беше јасно дека последиците од судирот ќе бидат тешки бидејќи се грчеше од болки.

Неговите соиграчи се фатија за глава, а на крајот итната помош го извади од теренот и го смести во болница.

Иако шпанските медиуми се уште немаат информации за деталите за повредата, наведуваат дека Симеоне е на долго закрепнување.

Сезоната за него веројатно е завршена, а вреди да се истакне дека ова беше и дебитантски натпревар за Депортиво Алавес.

Инаку Бургос победи со резултат 2:1, но резултатот секако е во втор план по ваквите немили сцени.

Би можело да ве интересира

Без Димитриевски, Алмерија му даде три гола на 40-годишниот голман на Рајо