(ВИДЕО) Шелтон: „Знам дека го сакавте Новак – слушнав од трибините“

Од:

Американскиот тенисер Бен Шелтон беше благодарен на публиката што остана до доцна за да го гледа неговиот меч против Каспер Руд.

Двајцата го завршија мечот малку пред полноќ, а Американецот победи по пресврт и четири сета.

Вечерва најверојатно беше резервирана за Новак Ѓоковиќ и Јакуб Меншик, но Чехот се откажа од мечот поради повреда.

„Знам дека сакавте да го гледате Новак вечерва, го слушнав тоа од трибините. Но, се надевам дека не бевте разочарани од мечот. Ви благодарам што останавте до доцна“, рече Шелтон со насмевка.

Шелтон сега го чека меч со Јаник Синер, кој го елиминираше во полуфиналето минатата сезона.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шок во Атина, Црна Гора ја победи Грција

Предраг Петровиќ

Како навивачите станаа аналитичари на спорт

А1он

ВИДЕО: Тепачката во Мајами фрли сенка на импресивната серија

Предраг Петровиќ

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Хозе Мариа Берокал е нов селектор на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија

Македонија и Португалија одиграа нерешено во драматичен ракометен дуел