ВИДЕО: „Шегата“ на Белингем може скапо да го чини

Од:

На натпреварот против Словачка (2:1), англискиот фудбалер Џуд Белингем не беше во центарот на вниманието само поради својот спектакуларен гол.

Белингем во последните моменти од регуларниот дел од мечот со „ножичките“ го совлада Мартин Дубравка и обезбеди продолженија.

Сепак, прославата на голот беше скандалозна.

Камерите го снимија асот на Реал како испраќа бакнежи, наводно кон некој од словачката клупа, а потоа ја спушта раката до меѓуножјето и симулираше одредени „дејствија“.

“Тоа е внатрешна шега упатена до блиски пријатели кои беа на натпреварот. Само почит кон Словаците за играта што ја прикажаа против нас”, изјави Белингем.

И покрај ова објаснување, на Белингем и понатаму му се заканува казна која би можела да ја изрече УЕФА.

УЕФА ќе ги чека официјалните извештаи од овој натпревар пред да донесе каква било одлука.

На санкции секако најмногу се надеваат Швајцарците кои в сабота играат против Англија во четвртфиналето на ЕУРО.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тотален хит на ЕУРО: „Донесете го во финале“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Редарите брутално претепаа португалски навивач – полицијата покрена истрага

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо промаши пенал, па пушти солзи

Предраг Петровиќ

Франција со гол на крајот од дербито ја совлада Белгија и се пласираше во четвртфиналето на европското првенство

Предраг Петровиќ

Англија-Словачка 2:1, Англичаните се пласираа во четвртфиналето по продолженијата

ВИДЕО: Удар на гром го прекина мечот меѓу Германија и Данска