ВИДЕО: Се појави и снимка од автобусот, бакнежот на Рубиалес уште ја бранува Шпанија

Од:

Претседателот на Шпанската фудбалска асоцијација Луис Рубиалес ја бакна фудбалерката Џени Хермосо, по што настана хаос, а сега се појави и видео од автобусот.

Фудбалерките на Шпанија го освоија Светското првенство во Австралија, иако за тоа речиси и не се зборува. Цел свет зборува за потегот на претседателот на шнаскиот сојуз Луис Рубиалес кој на подиумот ја бакна фудбалерката Џени Хермосо. На почетокот не му се придаваше толкаво значење, се до враќањето во Шпанија.

Следеа протести по улиците, се огласија и многу фудбалерки, па фудбалерките порачаа дека нема да играат за репрезентацијата се додека тој е претседател. Рубиалес одбива да отстапи, тврди дека вистината е поинаква, дури и неговата мајка штрајкува со глад и ја замоли Џени „да ја каже вистинската вистина“. Сега има видео од автобусот во кој биле фудбалерките.

На неа се гледа како Џени Хермосо заедно со нејзините колешки на шега и смеа зборуваат за тој бакнеж. Таа покажува слики на телефонот и се шегува со нив. Во еден момент може да се слушне сите како го извикуваат зборот „бакнеж“ одново и одново. Тој клип брзо се прошири на социјалните мрежи и создаде нов хаос.

Би можело да ве интересира

Драмата околу Рубиалес не престанува-сега мајка му стапи во штрајк со глад

Бакнежот на претседателот на федерацијата предизвика револт по финалето на Светското првенство за жени

Предраг Петровиќ

Шведска по четврти пат во историјата освои бронза на Светските првенства за фудбалерки

Канада им се закани на фудбалерките со тужба, тие се откажаа од штрајкот

Македонските фудбалерки со пораз ги почнаа мундијалските квалификации

А1он

Македонските фудбалерки пред нов мундијалски циклус, Андонова и Рочи предводнички

А1он