Олимпискиот факел патува низ Англија, но за малку ќе завршеше во погрешни раце.
Едно 17-годишно момче се обиде да го земе пламенот од рацете на Ан Скор, додека таа поминуваше низ Гравсен, притоа извикувајќи „Алах акбар“.
Безбедносните сили веднаш рагираа, така што настанот помина без поголеми задржувања и последици за Олимпискиот симбол, а малолетникот беше уапсен.
Иако носењето на оганот досега помина без инциденти, сепак полицијата и понатаму има зголемена подготвеност да спречи секаков напад или обид за напад на факелот во неговата 12.800 километарска патека.