ВИДЕО: Рублљев е дисквалификуван бидејќи на руски го пцуеше судијата

Од:

Рускиот тенисер Андреј Рубљев е дисквалификуван во полуфиналниот меч на АТП турнирот во Дубаи.

Ривал на петтиот светски тенисер беше Александар Бублик, кој беше на гем од победа по пресвртот (6:7, 7:6, 6:5), пред мечот да биде прекинат.

Во решавачкиот сет Рубљев имаше брејк предност до осмиот гем, кога Казахстанецот го врати натпреварот и успеа да остане во мечот.

Амплитудите на Рубљев во однесувањето се добро познати, но за разлика од истурањето на гневот врз себе како што правеше порано, овој пат тој реши да го направи тоа на линискиот судија.

Незадоволен од една негова одлука, тој се втурна во лице на судијата додека во исто време трепереше. Вториот линиски, кој зборува руски, слушаше и му сигнализираше дека Рубљев го навредува.

Рубљев се бранеше дека зборувал на англиски, а не на руски и дека не навредувал никого, што не беше прифатено. Русинот ќе ги загуби сите бодови и пари што ги освои на Емирати. Воедно, како резултат на тоа ќе испадне од Топ 5 АТП листата.

За петтата титула во кариерата Бублик ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Иго Амбер и Данило Медведев.

Турнирот во Дубаи се игра за награден фонд од 2.941.785 долари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По победата се направи лом -познатиот тенисер се опијани и се качуваше до плафон

Предраг Петровиќ

Дали чувствуваш вина зошто си од Русија-Англичаните навиваа за Русинот против Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Медведев се „расплака“ по победата во Дубаи

Предраг Петровиќ