(ВИДЕО) Робињо мора да одлежи девет години затвор

Од:

Поранешниот бразилски репрезентативец Робињо беше уапсен во четвртокот во зградата во која живее во Сантос, а беше однесен во Федералниот суд каде остана во притвор. Робињо беше уапсен по наредба на Високиот суд, кој одлучи дека поранешниот фудбалер мора да одлежи девет години затвор за силувањето за кое беше осуден од италијанското правосудство. А бидејќи Бразил не ги екстрадира своите граѓани, Италија побара негово затворање во неговата родна земја.

Бразилецот беше осуден за силување кое се случи на крајот на јануари 2013 година, додека тој беше член на Милан. А за тоа беше обвинет од Албанка која тврди дека била групно силувана. Робињо бил придружуван од неговиот пријател Рикардо Фалко, како и уште четворица мажи, а силувањето наводно траело меѓу 30 и 50 минути во соблекувалната на еден ноќен клуб во Милано.

Обвинетите за силување тврдат дека се невини и дека девојката се согласила, а одбраната во текот на судењето се обидела да ја дискредитира девојката со фотографии на кои се гледа дека не и е непознато „дружењето со алкохол“.

Робињо се бранел и дека подоцна таа вечер воопшто не бил со другарите, дека девојката сама му пришла, но тој си заминал дома.

Тој ја заврши кариерата во 2020 година како играч на Сантос, кој го отпушти по споменатите обвинувања. Во текот на кариерата играше за Реал, Манчестер Сити, Милан и други клубови, додека за националниот тим одигра преку 100 натпревари.

Би можело да ве интересира

Италија побара екстрадиција на Робињо од Бразил за да отслужи 9 години затвор

Славниот Рoбињо осуден на девет години затвор за групно силување на Албанка во ноќен клуб

Жарко Настоски