Славниот Рoбињо осуден на девет години затвор за групно силување на Албанка во ноќен клуб

Од:

Поранешниот репрезентативец на Бразил и фудбалер на Реал Мадрид, Милан и Манчестер Сити, Робињо, е осуден на девет години затвор во Италија за случајот на групно силување во кое учествувал во дискотека во Милано.

Обвинението го товари фудбалерот дека со неколкумина пријатели во јануари 2013 година силувале млада Албанка, која вечерта го славела 23-от роденден, искористувајќи го тоа што таа била пијана. Апелациониот суд ја потврди претходната пресуда, но Робињо се наоѓа во Бразил и не е извесно дали ќе биде екстрадиран во Италија за издржување на казната, пишуваат локалните медиуми.

Поради судењето против 36-годишниот Бразилец, во октомври тој беше отпуштен од Сантос, клубот со кој само што потпиша договор.

Во случајот беше осуден и пријателот на Робињо, Рокардо Фалко, а адвокатот на силуваната девојка им изјавил на италијанските медиуми дека казната е пример за заштита на жените и таа покажува дека кога е потребно системот функционира.

Уште четворица обвинети за групното силување, беа ослободени од обвинението.

Робињо има 100 настапи за бразилската репрезентација, на кои постигна 28 голови.

Би можело да ве интересира

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

МВР: 26-годишен маж сакал да силувала 68-годишна жена

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Момче силувало малолетно девојче

За насилникот кој злоставуваше малолетничка се бара притвор, немала ни 15 години

Катерина Ѓуровски