ВИДЕО: Репрезентативецот на Словенија му одговори на Александар Вучиќ

Од:

Стрелецот на голот против Србија, словенечкиот фудбалер Жан Карничник, реагираше на забелешката на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по натпреварот меѓу овие две селекции (1:1).

Вучиќ во еден од своите говори изјави дека „не е срамота да загубиш од Англија, но срамота е да ти даде гол играч на Целје чија плата е 5.000 евра“.

Јасно мислеше на Карничник, кој освен што постигна гол на тој натпревар, играше и на високо ниво во текот на целиот период. Дека се работи за одличен фудбалер сведочи и фактот што шпанска „Марка“ го вклучи во идеалниот тим на првото коло на ЕП.

Словенечките медиуми денеска ја пренесоа изјавата на Карничник, поточно неговиот одговор до претседателот на Србија.

“Видов што рече. Можам само да го поздравам. Верувам дека е малку разочаран. А очигледно знае колкава е мојата плата, па… немам што да додадам”, рече Карничник.

Словенечките новинари потоа на шега го прашаа Карничник „дали знае што мисли португалскиот претседател за него?“.

За разлика од Србија, Словенија се пласираше во осминафиналето каде ривал ќе и биде Португалија.

Би можело да ве интересира

Кукуреља го „спушти“ Невил: „Отидовме до крај, Гери“

Порака на Шкотска до Шпанците во пресрет на финалето – одмаздете им се на Англичаните за се што ви прават

Предраг Петровиќ

Олмо: „Не се плашиме од никого“

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде најдобар стрелец на Европското во случај на ист број постигнати голови

Предраг Петровиќ

Холандија – Англија 1:2 – Англичаните го добија финалето на еврото во 90. минута

Горан Наумовски

Шпанија – Франција 2:1 – Олмо ја однесе Шпанија до финалето на Евро 2024

Горан Наумовски