Новак Ѓоковиќ е во четвртфиналето на Вимблдон. Српскиот тенисер го победи квалификантот Роман Сафијулин со 7:6, 6:3, 3:6, 6:3.
Ѓоковиќ ја забележа својата 106-та победа на Вимблдон, со што е сам на врвот на листата на сите времиња по број на добиени мечеви во машка сингл конкуренција и го остави зад себе Роџер Федерер (105).
Тој стигна до четвртфиналето на третиот Гренд слем по 17-ти пат – само Федерер беше поуспешен од него во историјата, кој го направи тоа 18 пати.
Ова не беше најдобриот натпревар на српскиот тенисер оваа сезона на Ол Ингланд Клубот. Честопати беше надвор од ритам и нервозен – што го покажа јавно. Сепак, на крајот успеа да го победи квалификантот од Русија.
Сега во борбата за полуфиналето го чека победникот од дуелот Феликс Оже-Алиасиме – Алехандро Давидович Фокин.
