(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

Од:

Благодарение на првиот хет-трик на Килијан Мбапе по неговото доаѓање минатото лето, Реал Мадрид победи на гостувањето кај Ваљадолид (0:3) во мечот од 21.коло и ја зголеми предноста на врвот во Ла Лига.

Французинот по петтиот погодок во низа го потврди враќањето на најдоброто ниво.

Најпрвин погоди во прекрасна комбинација со Англичанецот Џуд Белингем во 30. минута.

Потоа со одлична завршница го заврши контранападот предводен од Бразилецот Родриго во 57. минута.

На самиот крај реализираше пенал во (90+1’).

Мбапе на тој начин стигна до учинокот од 18 гола сезонава за кралевите, од кои 12 постигна во Ла Лига.

Реал е лидер со 49 бодови, има четири повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид, додека Барселона е трета со 39, но и со натпревар помалку.

Би можело да ве интересира

Анчелоти: Мбапе може да стигне до нивото на Роналдо, но летвичката е поставена многу високо

А1он

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он

(ВИДЕО) Мбапе за Модриќ: Па тој има повеќе трофеи од јас што имам години!

А1он