ВИДЕО: Познатиот тенисер едвај извлече жива глава

Од:

Енди Мареј се најде во центарот на драматично спасување на скијачка патека по стравот дека ќе падне во провалија.

Познатиот тенисер Енди Мареј (37) откри дека морал да биде спасен на планина по катастрофалниот прв обид за скијање.

Шкотската тениска легенда има ново хоби откако го закачи рекетот на ѕид минатото лето на Олимписките игри во Париз, а додека есента се испроба во голф, реши да се занимава со скијање во зимава.

Но, за разлика од тенисот, овој спорт не му успеа, барем не досега.

Двократниот шампион на Вимблдон бил заглавен на планина и умирал од страв да не падне во провалија.

Како што изјави, неговиот девер и тој ја пропуштиле последната жичарница и се соочиле со застрашувачка трка на три километри по падината.

Говорејќи во подкастот „Спортски несреќи“, Енди се потсети на инцидентот:

“Првите два дена беа шокантни. Не можев да се симнам од ски-лифтот. Не можев да станам. Некои од ски-лифтовите се прилично ниски. Мојата сопруга одби да оди со мене на ски лифтовите бидејќи се срамеше да ме види кога не можев да станам. Затоа морав да продолжам со непознати, а девер ми Мари мораше да ми помогне.”

„Првиот ден се заглавив на планината кога заоѓаше сонцето. Бевме на стазата за почетници на крајот на денот, ски-лифтот што оди до врвот се затвора, а имаше уште еден малку подолу по ридот. Јас и мојот зет бевме расположени да одиме малку подалеку, на друг лифт, па се спуштивме по планината, 500 метри надолу, стигнавме до местото каде што беше лифтот и сфативме дека и тој е затворен.

Типот што управуваше со жичарницата ни рече дека единствен начин да се спуштиме е да скијаме надолу, а јас му викам дека не знам да скијам, на што тој рече: „Не требаше да се качиш кога ти кажаа дека жичарата се затвора“ и повтори дека единствен начин е да се скија по патеката околу три километри надолу.

Беше доцна, ледено, многу потешко за скијање. Немав идеја како да застанам. Отидов околу 500 метри, тоа е тесна падина и мислев дека ако се обидам да свртам, ќе паднам во провалија. Одев право надолу по планината. Оотоа почнав да се спуштам седнат на задникот и не можев никако да продолжам“, се присетува Мари.

Тој некако доползел до ресторанот, од каде припадниците на спасувачката служба со моторни санки го спуштиле до подножјето.

“Спасувачкиот тим не беше многу расположен, тие обично спасуваа пијани Британци, а не некој идиот кој мислеше дека може да се спушти по падината откако ќе се стемни. Искрено, малку се срамев, но по неколку дена вежбање, се чувствувам подготвен да се вратам на падините. Одиме повторно во април”, рече Мареј.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брутален нокаут во САД ги „освои“ социјалните мрежи

Пијастри ја покори Кина

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ