Полицијата на Манчестер отвори истрага против крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд.
„Мирор“ јавува за започната полициска истрага откако девојката на фудбалерот, Хариет Робсон го обвини за насилство објавувајќи сторија со фотографија од тепањето. Робсон објави и аудио како е принудена на секс.
Полицијата не ги потврди имињата на опфатените со истрагата, но соопшти дека го истражува случајот:
– Полицијата на Манчестер е свесна за сликите и видеата што се споделуваат на социјалните мрежи. Во тек е истрага за утврдување на сите околности, стои во известувањето од надлежните.
Хариет Робсон, девојката на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, го обвини фудбалерот за насилство. Робсон на социјалните мрежи објави серија видеа и фотографии на кои покажа дека има бројни модринки по телото, а усната и е раскрвавена.
– Ова е она што Мејсон Гринвуд навистина ми го прави – напиша девојката под видеото. Робсон на својот Инстаграм објави и аудиоснимка на која се слуша машки глас, кој најверојатно му припаѓа на напаѓачот на Манчестер јунајтед.
What the fuck have I just seen?
Mason greenwood… #greenwood pic.twitter.com/C6vKvkCfi0— Micheál (@eLuzion9) January 30, 2022
Многу брзо објавата беше избришана профилот на девојката.
Се огласи и Манчестер Јуанјтед. Од клубот преку соопштение велат дека нема да коментираат пред да заврши истрагата, но посочија дека се против било какво насилство.