(ВИДЕО) Победа на Западот, Вестбрук МВП, Коби замина во легендите

Од:

Кошаркарските фанови, викендов, уживаа во 65-от Ол Стар викенд, а шлаг на тортата беше натпреварот помеѓу Истокот и Западот. Мечот лесно го добија играчите од Западната конференција 196:173, а целиот спектакл мина во знакот на Коби Брајант, кој последен пат играше на Ол Стар натпреварот.

Фановите во Торонто, беа сведоци на последниот Ол Стар меч, кој во својата импресивна кариера го одигра Коби Брајант. Учесниците на натпреварот решиси се натпреваруваа кој ќе му укаже поголема почит на Коби.

А, Коби Брајант навистина уживаше во натпреварот. Нед се замори премногу, тоа им го препушти на помалдите, уживаше во минутите кои ги мина на теренот (постигна 10 поени).

„Беше навистина забавно. Имав чест да играм со овие момци, да се смејам и да се забавувам со нив на клупата“, рече Коби.

12705305_10156673998785724_5273400468821917693_n

На теренот блескаа пред сите Расел Вестбрук и Пол Џорџ. Вестбрук ја понесе МВП титулата, откако мечот го заврши со 31 поен, осум скока и пет асистенции, додека Пол Џорџ беше најефикасен со 41 поен.

Покрај Вестбрук, во тимот на Западот се истакнаа: Стеф Кари со 26, Ентони Дејвис со 24, односно Џејмс Харден и Кевин Дурент со по 23 поени.

Кај Истокот, покрај Џорџ, ефикасни беа уште Џон Вол со 18, Демар Дерозан со 18 и Андре Драмонд со 16 поени.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on