(ВИДЕО) Општа тепачка на боксерски турнир: Летаа столици, повредени се и болничарите

Од:

На големиот боксерски турнир во Брно настана хаос кога изби масовна тепачка меѓу гледачите по главниот меч.


Гневните фанови си фрлаа со столчиња, додека модераторот и победникот се обидуваа да ги смират, но безуспешно, а ситуацијата дополнително ескалираше.

– Што е ова?! Што по ѓаволите правиш?! Јас победив! Овде има мали деца, дали си нормален? – вели машки глас на снимката.

Се тргнало на лошо и пред болницата, каде учесниците во конфликтот ги нападнаа и болничарите додека им помагаа на повредените.

Полицијата брзо реагираше и ја растера толпата, но истрагата за инцидентот се уште трае.

– Група гледачи беа незадоволни од исходот на натпреварот и го покажаа на многу непримерен начин. Обезбедувањето ги изведе надвор и повика полиција. Кога стигнавме, тие веќе беа избркани и побегнаа, изјави Дејвид Калупка, портпарол на полицијата.

Би можело да ве интересира

Џошуа: Јас сум спасител – го спасив боксот од Нгану, сега морам и од Пол

А1он

(ВИДЕО) Хаос во Градското собрание на Чачак: Советниците се испокараа и се степаа, а разменија и остри зборови

(ВИДЕО) Тепачка на Дедо Мразовци во продавница

А1он

Му ја скрши главата со дигалка за автомобил поради кавга за паркинг место

А1он

Голема тепачка во Сарај: Во средно училиште се истепале две групи на мажи

Тројца затвореници од „Идризово“ претепаa 61-годишен осуденик

Горан Наумовски