Со 13 одбрани и многу сериозен пристап во натпреварот, Тјери Омејер пак делуваше оној стариот. Кога тој е во неговиот препознатлив елемент тешко кој може да игра со Франција. Со аргентинците одбраната на европскиот првак личеше на оној „армиран бетон„ кој не може да се пробие, на кој сме навикнале да ги гледаме „ескпертите„. Омејер одбива да констатира дека за Франција сега почнало првенството:
„Почна и порано, но системот на натпреварување ни дозволува да темпираме за во последната недела да бидеме најаки. Денес влеговме одлично во мечот, сите игравме како што се договоривме во соблекувалната и затоа брзо го решивме победикот. Само така мораме да играме и во наредните мечеви, бидејќи секој противник сега е многу опасен. Словенија е ракометна земја, има одлични ракометари, дел од нив играат во француската лига и добро ги познаваме“, рече голманот на ПСЖ, Тјери Омејер.
Во само два дена од ненајубедливата победа над Шведска без Ким Андерсон, до денешната симултанка против истата таа Аргентина која ја победи Русија и ремизираше со данска, видовме две сосема спротивни лица на „галските петли„. Според планот ако фаворитот ја подига формата и натаму, кој знае како ќе изгледаат против Словенија во среда.