Најдобриот тенисер во светот во овој момент, Новак Ѓоковиќ и трикратниот шампион на Ролан Гарос, Густаво Куертен, пред 10.000 публика, одиграа егзибициски натпревар во Рио де Женеиро.
Како што се очекуваше Бразилецот подобро се снајде на земјената подлога и победи со 7:6 и 7:5 во сетови.
Резултатот секако беше во втор план. Српскиот тенисер во еден момент стави перика и го имитираше 36-годишниот Густаво, кој пред 12 години беше светски рекет број 1.