Првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ го учеше легендарниот американски тенисер и официјалниот спикер на турнирот во Мелбурн, Џим Куриер, како правилно да го изговори неговото презиме.
Новак влезе во коментаторската кабина и му даде неколку совети на некогашниот број 1 на АТП листата, за разликите меѓу англискиот и српскиот јазик.