Новак Ѓоковиќ и Ана Ивановиќ изборија пласман во финалето на Хопман купот во Перт откако денеска во двата сингл меча постигнаа победи против своите ривали од Германија, а потоа одиграа и меч за публика во дублот, кој исто така го добија.
Ѓоковиќ го победи Томи Хас со 6:2 и 6:0 по сетови, додека Ивановиќ беше подобра од Татјана Малек со 6:0 и 6:1 по сетови.
А во дубл Танаси Кокинакис и Татјана Малек одиграа меч за публиката против Ѓоковиќ и Ивановиќ.
На првиот меч од денешната програма Јужна Африка ја победи Франција со 2-1.
Утре во финалето ќе играат Србија (првопласирана во А група) и Шпанија (првопласирана во Б група).