(ВИДЕО) Невидено дивјаштво на тениски терен: Судија тешко повреден со рекет, тенисерот дисквалификуван

Од:

Незапаметен инцидент се случи во второто коло на АТП шампионатот во Шарлотсвил, САД. Американскиот тенисер Мајкл Мох дивјачки со рекет ја нападна линиската судијка, при што ја повреди.

Мох губеше со 6:3, 4:1 од Даријан Кинг, а откако направи грешка бесно го тресна рекетот зад себе, каде што се наоѓаше судијката, која е тешко повредена.

Таа од силината на ударот викна и падна на подот, по што и беше укажана лекарска помош. Мох, автоматски е дисквалификуван, а му се заканува и долга суспензија од АТП натпреварите.

Овој инцидент е особено бизарен затоа што Кинг беше суспендиран на сличен начин на истиот турнир пред две години.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ