За време на пријателскиот натпревар меѓу Португалија И Холандија, одигран во Женева, Кристијано Роналдо беше мета на двајца мажи кои втрчаа на теренот за да се сликаат со него. Едниот од нив се обиде и да го бакне.
Роналдо не успеа на време да се тргне и овој гест на навивачот прилично го изнервира.
Редарите набрзо ги изнесоа двајцата од теренот, а потоа се појави и трет навивач, кој беше веднаш отстранет од обезбедувањето, но сепак тој успеа да го допре фудбалерот.