Србија ремизираше со Словенија на ЕП, Лука Јовиќ погоди во 95. минута и им донесе бод на „орлите“. Тој гол може да биде клучен кога е во прашање шансата да се пласира српската репрезентација во следната фаза од натпреварувањето. Натпреварот против Данска ќе одговори на тоа прашање во вторник навечер.
Пред тој натпревар, на социјалните мрежи се појави видео од мечот со Словенија, на кој еден навивач среде игра се приближува до клупата на српската селекција. Тој успеа да го повика селекторот Драган Стојковиќ и во таа прилика да го критикува. Не му се допадна како играше репрезентацијата. „Како ги пушташ. Словенците ве еб*т човече“, скандираше навивачот додека Пикси го слушаше.
Navijač se obratio Piksiju tokom utakmice i kritikovao ga za igru sa Slovencima pic.twitter.com/IGjanwlXRF
— FantomBeograda (@FantomBeograda) June 23, 2024
Тоа не траеше долго, бидејќи интервенираше еден од обезбедувањето кој беше во близина. Тој брзо реагираше и го тргна човекот од селекторот, па натпреварот продолжи. Сега следува мечот против Данците, во кој победа на Србија ќе и донесе сигурно продолжување на Европското првенство, додека според некои пресметки и бод би можел да биде доволен.