ВИДЕО: Насилство меѓу навивачите го прекина финалето Ѕвезда – Партизан

Од:

Финалето на кошаркарскиот куп во Србија вчера беше прекинато во третата четвртина, заради насилство меѓу навивачките групи, пренесе ДПА.

Двата белградски клуба, Црвена Ѕвезда и Партизан, имаа постигнато по 43 коша во финалеото на купот „Радивој Корач“ во Крагуевац, на 100 километри јужно од главниот град, каде нивните навивачки групи вчера доцна попладнето се степаа.

Играчите го напуштија теренот со асистенција на полицијата. По прекинот од 45 минути, двете екипи се вратија на теренот, но капитенот на Црвена Ѕвезда Игор Ракочевиќ изјави дека нивниот тим не сака да го продолжи натпреварот.

Продолжението на натпреварот најверојатно ќе биде денеска, без присуство на навивачите, најавија српските медиуми.

Инцидентот е последниот акт на спротски хулиганизам што го има зафатено српскиот спорт. Насилството не е ограничено само на спортските терени, туку често пати се прелева и на улиците.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он