Членовите на француската репрезентација на Дејвис Куп, Жил Симон и Гаел Монфис поставија нов рекорд по број на удари во еден поен во историјата на Австралијан Опен.
Тие одиграа феноменален меч во пет сетови во рамките на 3-тото коло, како и двоминутниот историски поен од 71 удар.
Им недостигаа уште 15 удари за да се изедначат со Борг и Виљас, кои во 1978-та година на отвореното првенство на Франција одиграа поен со 86 удари.
Сопственици на рекордот по бројот на удари во еден поен се Вики Нелсон и Џин Хепнер. На еден турнир во Америка во далечната 1978-ма година одиграа поен со неверојатни 643 удари, кој траеше 29 минути.