ВИДЕО: Надал подобар од Федерер

Од:

Во последното четвртфинале на Мастерсот во Синсинати Рафаел Надал го совлада Рожер Федерер со 2:1 во сетови.

За Надал ова беше 21. победа во 31. меѓусебен дуел. Федерер го доби првиот сет со 7:5 во гемови, а следните два му припаднаа на Надал со 6:4 и 6:3.

Ѓоковиќ загуби со 2:1 во сетови од Американецот Џон Изнер, додека Мареј беше поразен од Чехот Томаш Бердих со 2:0 во сетови.

Прв полуфиналист е Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро, кој со 2:1 во сетови го победи Димитар Турсунов. Во полуфиналето ќе играат Изнер – Дел Потро, а Бердих – Надал.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ