Шпанецот Рафаел Надал го победи Роџер Федерер со 6:4, 6:2 и се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс.
Светот конечно дочека да ужива во дуелот на двајцата тенисери кои ја одбележаа последната деценија, но ја немаше посакуваната драма.
Надал го контролираше мечот, доминираше со бекендот, беше многу посигурен на свој сервис, ги користеше бројните грешки на Федерер и по 19-ти пат беше подобар од Швајцарецот.
Надал имаше шест винери повеќе од Федерер (19-13), но Швајцарецот имаше 30 неизнудени грешки, 17 повеќе од ривалот.
Во полуфиналето тој ќе се сретне со Томаш Бердих, против кој има скор од 12-3 во меѓусебните дуели.
Втората полуфинална двојка ќе биде позната по мечевите денеска меѓу Новак Ѓоковиќ – Жо-Вилфред Цонга и Енди Мареј – Хуан Мартин дел Потро.