ВИДЕО: Надал испиша историја на современиот тенис

Од:

Рафаел Надал ја освои титулата на Мастерсот во Монте Карло. Тој во два сета 6:1, 6:3 беше подобар од Алберт Рамос-Вињолас.

Шпанецот Рафаел Надал испиша историја на современиот тенис, тој во Монте Карло ја освои својата десетта титула, со што стана првиот тенисер во опен ерата, со двоцифрен број на освоени титули на еден турнир.

Надал, во Монте Карло, го одигра своето 11-то финале на турнирот, на кој има само еден пораз, пред четири години загуби од Новак Ѓоковиќ.

„Бикот од Макорка“, го прегази Рамос-Вињолас, кој на претходните три меча, на патот до финалето, во просечно на теренот минуваше по два и пол часа.

Надал првиот сет го доби за 31 минута, а вториот за 46.минути.

Шпанецот ја освои својата 29-та титула на Мастерс турнирите, која е вкупно 70-та во неговата кариера.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“

Синер е суспендиран на три месеци поради позитивниот допинг тест