ВИДЕО: Надал го закажа 29-от дуел против Федерер

Од:

Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на Индијан Велс, откако го победи Ернест Гулбис со резултат 4:6, 6:4, 7:5.

Потполно неверојатен податок, е тоа дека и Надал и Гулбис имаа идентичен сервис, 66% прв сервис, 75% освоени поени на прв сервис и 41% поени по вториот сервис.

Во четвртфиналето Шпанецот ќе игра против Роџер Федерер. Тоа ќе биде 29-от по ред дуел на двајцата големи ривали, прв по полуфиналето во Синсинати минатата година и прв во четвртфинале на некој турнир воопшто.

Роџер Федерер го обезбеди четвртфиналето откако го совлада Станислас Вавринка со резултат  6:3, 6:7, 7:5. Ова беше 13-та тешка победа за Роџер од вкупно 14 меѓусебни дуели.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех